ADAC спроведе севкупна еколошка анализа и биланс на сите погонски опции на автомобилите и укажува на нова, многу опасна светска завера

l_5a0dc54e3a770

ADAC, германскиот национален автоклуб, за прв пат во историјата, спроведе севкупна еколошка анализа и биланс на сите погонски опции на автомобилите.

Заклучоци – прво, не постои погон кој вкупно гледано е еколошки најприфатлив и второ, електромобилите ниту приближно не се еколошки, ниту чисти.

maxresdefault (2)

Конечно, систематски и чесно, е потврдена оценката на водечките светски стручњаци за автомобилски погони, кои веќе во 2014 година нагласуваа (кога беа воведени фамозните Euro 6 еколошки норми) дека доколку електромобилите користат струја од термоелектрани на јаглен (атомските централи се посебна приказна и тие опасно ја оптоваруваат човечката околина, но на друг начин), вкупните емисии се поголеми од колку кај дизелашите.

Покрај ова, самото производство и складирање на литиум-ионските батерии се еколошки сложени операции и се многу опасни за човечката средина.

180220180048-01-volkswagen-diesel-scandal-advertisement-restricted-super-169

Особено, доколку се знае дека отровните и канцерогените остатоци на ислужените батериски системи, кои не можат да се рециклираат, богатите земји им ги утрапуваат на банана државичките, во замена за финансиски средства, застарена технологија, производи со ниски спецификации и друго.

Вкупната емисија на дизелските автомобили од средната класа (производство и рециклирање на возилото + производство на дизел горивото + потрошувачка во возење) 20% се помали, од колку кај електричните (производство и рециклирање на возилото + реално производство на струјата):

潿¬á 1

Електричните автомобили се еколошки најприфатливи во компактната класа и до некаде во пониската, но од средната па нагоре, електромобилите генерираат 20% повеќе штетни материи, пред се CO2, од колку дизелашите.

Се поставува прашање, кога веќе во 2014 година се знаеше вистината за електромобилите, чуму такво глобално форсирање на истите, кој го прави тоа и со каква цел?

ЗАКЛУЧОК: Целиот случај е голема глобална измама и има политичко-стратешка заднина.

Dirtypolitics_AMain

Одлуката да се „убијат“ дизелашите, односно да се дисциплинира Германија (да не се лажеме, скоро сите произведувачи мамат и ловат во матно, а само Volkswagen награбуси), значи да се поттикне производството на хибридните и електричните автомобили, за да се унапреди технолошкото ниво, односно енормно да се зголемат и онака огромните профити од производството во најразвиените земји на НАТО алијансата и да се забрза масовното преоѓање на хибриди и на струја.

Ова нема да донесе никакви еколошки унапредувања, како што ечат нивните пропагандни труби, туку споменатите земји се здобиваат со економски, стопански и политички предности.

electric_car_dirty

Се намалува зависноста од арапската и руската нафта, што автоматски ќе ја намали и пазарната побарувачка и ќе ги собори цените на енергенсите, со чија продажба Путин ја финансира руската воена машинерија.

Дали се уште се плашите дека ќе ве „убијат“ едвај мерливите штетни материи, кои ги испуштаат современите дизелски автомобили?

maxresdefault (1)

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.