Bugatti вредно работи и нешто подготвува, а наскоро ќе дознаеме и што

Со обзир на тоа дека првиот Bugatti Chiron на пазарот се појави пред две години и до сега се испорачани стотина примероци, не е најприродна работа сега на Нирбургринг да видиме не еден, туку два автомобили како истовремено тестираат.

Двата модели се со 1.479кс и 1600Нм вртежен момент, обезбедени од огромниот quad турбо полнет мотор.

Еден од хиперавтомобилите на снимката би можел да биде Super Sport верзија, која ќе добие серија на механички унапредувања и би можела да постави нов рекорд на оваа патека.

Второто возило е можеби нова, за сега непозната варијанта, за која се зборува дека ќе биде унапредена верзија на неодамна лансираниот Chiron Sport – Bugatti Chiron Divo.

Што и да е во прашање, едно е сигурно – Bugatti вредно работи и нешто подготвува, а наскоро ќе дознаеме и што.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.