Тест примерокот е фатен на Нирбургринг

Во склопот на прославата на својата 70-годишнина минатиот месец Porsche и официјално го соопшти името на долго очекуваниот електричен спортист, кој пред неколку години беше најавен со концептот Mission E.

Во таа прилика беше прецизирано дека серискиот Mission E ќе се вика Taycan, што би требало да значи разигран, млад коњ, а сега пред нас е и шпионското видео на тест примерок фатен на Нирбургринг.

Новиот Taycan ќе започне да се произведува следната година, а неговата најсилна верзија ќе располага со 670кс, до брзина од 100км/ч ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди, а се тврди дека ќе има автономија од 480 километри.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.