Денот на вљубените некои мажи го одбележуваат со рози или чоколадо, а некои подаруваат автомобил и тоа не било каков

McLaren2

Денот на вљубените некои мажи го одбележуваат со роза или чоколадо, а некои подаруваат автомобил и тоа не било каков.

Еден „неизлечив романтик“ токму за „Валентајн“ преземал 570S Spider, соопштуваат од McLaren.

Освен што екстериерот е брилијантно изведен во специјална нијанса на црвена боја, супер спортскиот автомобил добил и црвени детали на сопирачките и пневматиците.

McLaren

Ентериерот е во црно-црвена комбинација на кожа и алкантара, зачинет со карбонски елементи на арматурата и вратите.

Персонализацијата по лични желби на овој скапоцен подарок не се однесува и на механиката, па болидот е придвижуван од добро познатиот 3.8-литарски biturbo V8 мотор.

До брзина од 100км/ч пристигнува за нешто повеќе од 3 секунди и вози 315км/ч со отворен покрив.

McLaren3

За овој специјален празничен подарок купувачот издвоил преку 200.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.