Број на шасија 20, од вкупно 20 милиони примероци

Технички се работи за моделот KdF-wagen Type 60 од 1941 година. Среќниот сопственик на овој одлично реставриран и веројатно најстар „преживеан“ примерок на „Буба“ е Ондреј Бром. Број на шасија 20, од вкупно произведени 20 милиони примероци.

„Во времето кога бев студент, го приметив автомобилот под едно големо дрво. Тркалата му беа до половина во земја. Возилото припаѓаше на пријател на брат ми“, раскажа Бром за Heritage Parts Centar.

Дури девет години подоцна добил прилика да го купи автомобилот, кога бил понуден на продажба.

„Побрзав дома по пари за да го купам. Имав само 4.000 чешки круни, а сопственикот бараше 60.000. На среќа, ме чекаше да отидам до банка“, откри сегашниот сопственик на оваа „Буба“.

На Ондреј ова не му бил прв контакт со возилата на Volkswagen, бидејќи порано веќе поседувал дури четири „Буби“.

Сепак, оваа била посебна бидејќи се сомневал дека се работи за возило од KdF ерата, но тоа сепак требало да се докаже.

По отстранувањето на бојата, рентгенската снимка и користење на разни хемикалии конечно е откриен бројот на шасијата – 20.

Бром го започнал процесот на реставрација дома, за подоцна проектот да го преземе полскиот реставратор Јацек Крајевски, кој се потрудил ова возило да го добие вниманието и третманот кое ги заслужува.

По многу работа и труд, овој KdF-wagen Type 60 сега е во совршена состојба.
Планови за продажба нема.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.