Екстремно ретка и вредна ѕверка здогледа дневна светлина по 3 и пол децении поминати во визба

Редок примерок на моделот Alfa Romeo Giulietta Sprint Zagato од 1962 година, кој во ноември месец беше извлечен од еден подрум во Торино, е продаден на аукција за дури 567.000 евра.

Во ноември минатата година во една визба во Торино е пронајдена Alfa Romeo Giulietta SZ во Blu Chiaro Metallizato боја. Возилото во овие простории скапувало заборавено полни 35 години.

Таму го сместил извесен авто механичар, кој во меѓувреме починал, зад себе не оставајќи тестамент.

Возилото од подрумот било извадено со специјална дигалка, а пред неколку дена е продадено на аукција за убава сума од 567.000 евра.

Високата цена за овој примерок на автомобилската историја е последица на ексклузивноста и дизајнот, за кој бил задолжен Zagato, а произведени се само 217 единици.

Да прецизираме, Giulietta SZ (Sprint Zagato) има рачно направена каросерија од алуминиум, базирана е на скратена шасија на Giuliettа Spider и тежи само 785 килограми.

За погон се грижи 1.3-литарски 4-цилиндричен мотор со 100 кс, додека најголемата брзина изнесува 200 км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.