Ултимативна, софистицирана и раскошно опремена верзија на 508 караванот

Неколку месеци по претставувањето на новата генерација на моделот 508 во лимузинската верзија, Peugeot го претстави и прекрасниот SW, а сега дојде ред и на навистина посебна First Edition варијанта.

Peugeot 508 SW First Edition се базира врз моделот 508 SW GT и на своите купувачи им нуди богата и софистицирана опрема.

Најголемата новост на ентериерот е новата маска на моторот и 19-инчните лесни Augusta фелни.

Исто така, на купувачите ќе им бидат достапни три посебни бои на каросеријата – Twillight сина, Pearly бела и Amazonite сива.

Во ентериерот, 508 SW First Edition од останатите верзии се разликува по црно поставениот покрив, алуминиумските педали, има ново амбиентално осветлување, Nappa пресвлаки во црвена и црна боја, разни украсни детали, посебно поставен багажник и друго.

Треба да се додаде дека овој модел е опремен со Night Vision, поседува head-up дисплеј со прилагодлив приказ, индукциски полнач за мобилни телефони, 10-инчен ХД екран со систем за препознавање на глас, Connected 3D навигација, Focal аудио систем, електрично отворање на багажникот и друго.

Што се однесува до моторизацијата, Peugeot 508 SW First Edition е достапен со бензински 1.6 PureTech мотор, со сила од 225 кс и дизелски 2.0 BlueHDi мотор, со сила од 180 кс.

Двата агрегати се опремено со стоп-старт систем и се во пар со 8-степен автоматски менувач.

За сега не е познато колку примероци на караванскиот First Edition ќе бидат пуштени во продажба, но знаеме дека онлајн продажбата во Франција започна од вчера, додека во десетина други европски држави е можна резервација.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.