По онлајн претставувањето, Mercedes-AMG GT 43 доживува светска премиера на Автосалонот во Париз

Изложеното возило е придвижувано од реден 3.0-литарски 6-цилиндраш со турбо полнач, кој развива 367 кс и 500 Нм вртежен момент.

За забрзување од место до 100 км/ч на Mercedes-AMG GT 43 му се потребни 4,9 секунди, а максималната брзина изнесува 270 км/ч.

Лакиран во Jupiter црвена боја, Mercedes-AMG GT 43 наместо Monoblock фелни во Франција покажа поелегантни црни бандажи, кои одлично се вклопија со неговиот дизајн.

Освен што има одлични перформанси, Mercedes-AMG GT 43 е практичен автомобил со погон на сите четири тркала и го краси луксузна внатрешност, која е обично резервирана за врвни модели на Mercedes.

Земајќи ја во обѕир Panamericana решетката на ладилникот и купеовски дизајн, може да се каже дека Porsche Panamera доби жесток ривал.

 

Mercedes веќе почна да прима нарачки за GT 43 во Германија, па за овој модел е потребно да се издвојат најмалку 95.259 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.