Еден од најдобрите модели на Porsche во последниве децении влегува во сериско производство

Токму како што во јуни годинава посакавме, еден од најдобрите модели на Porsche во последниве децении влегува во сериско производство.

Прославата на својата 70-годишнина во јуни Porsche ја искористи на јавноста да и го прикаже 911 Speedster во концепт издание, додека Автосалонот во Париз го искористи и официјално да потврди дека следната година ова прекрасно возило ќе влезе во сериско производство.

Ќе бидат произведени симболични 1948 примероци, во чест на 1948 година и споменатата 70-годишнина.

На Автосалонот во Париз Porsche го изложи 911 Speedster concept II во нова боја, наречена Guards Red.

Porsche 911 Speedster concept II е спортски двосед, кој покрај упадливата црвена боја се истакнува со помали стаклени површини, нови предни светла, елементи од јаглеродни влакна, (предна хауба, калници и друго), алуминиумски тркала од 21 инчи, а тука се и издувниот систем изработен од титаниум и интересни ретровизори.

Зад предните седишта се наоѓа заштита од јаглеродни влакна изработена во карактеристичен double bubble облик.

Внатрешноста е пресвлечена со црвена и црна кожа.

За погон се грижи 6-цилиндричен мотор со повеќе од 500 кс, во пар со 6-степен мануелен менувач.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.