На парискиот Автосалон Peugeot претстави нов концептен мотоцикл и тоа во два потполно различни формати

На парискиот Автосалон Peugeot претстави нов концептен мотоцикл и тоа во два потполно различни формати – P2X Roadster и P2X Cafe Racer.

Наречена P2X, новата студија доаѓа во форма на Roadster модел, со агрегат од 125 кубици, како и во Cafe Racer варијанта со нео-ретро стил и „срце“ од 300 кубици.

 

Двата мотори се придвижувани од едноцилиндрични агрегати со водено ладење, а тука се и USD вилушки и двојни амортизери.

 

Roadster верзијата е стилски инспирирана од Peugeot 515 од 30-те години на минатиот век, донесувајќи го препознатливото лого на страничните панели.

Од другата страна, Cafe racer носи Peugeot спортски бои, има clip-on рачки и лиени фелни.

Двата мотори имаат ABS на двете тркала, како и 5-инчна TFT инструмент табла во боја, заедно со i-Connect Bluetooth систем и GPS уред.

„Да се биде дел од враќањето на компанијата во светот на мотоциклите внесе дополнителни емоции во дизајнот, особено што зад мене стојат 120 години на историјата на францускиот бренд“, изјави Дамијан Басе, главниот инженер и додаде:

„Во создавањето на P2X водевме сметка дури и за најситните детали, со цел финалната креација да биде воодушевувачка.“

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.