Alfa Romeo подготви посебна лимитирана серија на Giuliа

Есктериерот на новата Alfa Romeo Giuliа Sport Edition го красат нови предни и задни браници, позајмени од сестринската верзија Veloce.

Во ентериерот се истакнува спортскиот волан обложен со кожа, алуминиумскиот менувач (8-степениот автоматик е единствен избор) и деталите на контролната табла, централниот тунел и панелите на вратите.

Што се однесува до технологијата, тука е 6,5-инчниот дисплеј на мултимедијалниот систем компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay, со сателитската навигација Alfa Connect Nav.

Листата на новитети во ентериерот ја заклучуваме со подесивата задната клупа по принцип 40/20/40.

Посебната Alfa Romeo Giulia Sport Edition се нуди со два мотори – 2.0-литарски турбо бензинец со 200кс и 2.2 турбо дизел со 180кс, двата со погон на задната оска.

Цената изнесува 47.000 евра, без обзир на изборот на моторизацијата.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.