Audi го претстави својот прв кросовер купе, кој ќе биде трн во окото на двата најголеми ривали

Audi го претстави својот прв кросовер купе, кој ќе биде трн во окото на двата најголеми ривали – BMW X6 и Mercedes GLE Coupe.

Со својот Q8 Audi зачекори во светот на луксузни купе кросовери, во кои царуваа BMW X6 и Mercedes GLE Coupe.

Audi Q8 е со слична должина и ширина како и роднината Q7, но за разлика од него е понизок. Меѓуоскиното растојание од скоро 3 метри гарантира висок комфор на задните седишта.

Новиот Q8 е поставен на механичка платформа, комбинација на алуминиум и челик со висока цврстина, а масата на празно возило изнесува 2.145 килограми.

Новиот кросовер купе на Audi дебитира со 3.0 V6 TDI агрегат, кој испорачува 290кс и 600Nm вртежен момент. Овој мотор користи технологија на ткн. благ хибриден погон, составен од електричен систем од 40 волти, литиум-јонска батерија, стартер и алтернатор.

Системот овозможува возилото да тргне со потполно исклучен мотор и така да вози до брзина од 160км/ч, при што рекуперира до 12 kW сила при сопирање.

Audi тврди дека, благодарение на овој вид на хибриден систем, во реални услови на експлоатација се заштедува до 0,7 литри гориво на 100 километри.

Возилото е опремено со quattro погон, а силата се пренесува со 8-степен Tiptronic автоматски менувач.

Audi Q8 од место до 100км/ч со посочениот мотор пристигнува за 6,3 секунди.

Новиот модел од Q серијата на „Господарот на прстените“ ќе се изработува во Словачка, а во продажните салони пристигнува наесен.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.