General Motors ја претстави дотераната Lada Niva, пардон, Chevrolet Nivа моделска година 2019

На автоентузијастите им е познато дека легендарниот руски теренец Lada Niva од 2006 година носи ознака Lada 4×4.

Причината за ова е фактот што славното име Niva сега го носи теренецот на Chevrolet, модел развиен од фирмата GM-AvtoVAZ, joint venture на General Motors и најголемиот руски автомобилски произведувач.

Иако новоразвиениот автомобил го носи знакот на Chevrolet, станува збор за оригинален руски производ, со локализација на домашни компоненти од 90 посто.

Chevrolet Nivа е теренец од стар ков, направен од искусни конструктори. На off-road терени Chevy не заостанува зад оригиналната Nivа, додека на асфалт е многу поудобен и поекономичен.

Возилото долго 4048 милиметри носи визуелен идентитет на Chevrolet, додека техниката е преземена од Ladа 4×4 – 1.7-литарски бензинец со 80 кс ја пренесува силата на сите тркала, а дел од погонскиот систем е централната блокада на диференцијалот.

Деновиве GM-AvtoVAZ ја дотера Chevrolet Nivа, при што, покрај ситните козметички унапредувања, главниот новитет е мултимедијалниот систем во верзијата Multimedia.

Chevrolet Niva во верзијата GLC Multimedia чини 810.000 рубљи (11.050 евра). За жал, Chevrolet Niva се продава само во Русија и неколку околни држави.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.