По купе верзијата пристигнува верзија со отворен покрив
McLaren наведува дека 600LT Spider има склопив тврд покрив, чиј механизам ја зголемил вкупната маса на возилото за само 50-на килограми, во однос на 600LT Coupe.
За погон на новиот McLaren 600LT Spider е употребен истиот 3.8-литарски twin-turbo V8 мотор, кој ја движи и купе варијантата од 2018 година. Исти се и моторните спецификации – 600 кс и 620 Нм максимален вртежен момент.
Силата се пренесува на тркалата со помош на 7-брзински автоматизиран менувач со двојна спојка, а суперспортскиот автомобил од место до брзина од 100 км/ч пристигнува за само 2,9 секунди, идентично како кај купето.
За постигнување на брзина од 200 км/ч му се потребни 8,4 секунди, минорни 0,2 секунди повеќе од купе верзијата.
Максималната брзина на McLaren 600LT Spider со подигнат покрив изнесува 324 км/ч, а со спуштен е електронски ограничена на 315 км/ч.
Секако, највпечатливата разлика помеѓу купето и кабриолетот е токму тврдиот склопив покрив, кој се состои од три елементи. Покривот се спушта и подигнува со притисок на копче на командната табла, а двете операции можат да се изведуваат и во движење, при брзини до 40 км/ч.
За најновата ексклузива на McLaren е потребно да се издвојат 256.500 долари, цена без доплатни опции.
Повеќе вести од денес тука.