Шампионски параметри – V8, 800кс и 800Nm на само 1198 килограми тежина

McLaren Senna (2019)

Новиот хиперавтомобил на McLaren со кодна ознака P15 е пред нас и тоа со номенклатура McLaren Senna, по легендарниот Бразилец Аиртон Сена кој возеше за McLaren од 1988 до 1993 година, освојувајќи три титули на светски шампион во „Формула 1“.

McLaren Senna е придвижуван од 4.0-литарски twin-turbo V8 мотор со 800кс и 800 Nm вртежен момент.

McLaren-Senna-2019-1024-0b

Новиот британски болид се истакнува со специјални врати со стаклени панели, упадлив заден спојлер, титаниумски издувен систем, како и Pirelli P Zero Trofeo R пневматици.

McLaren прецизира дека возилото е тешко само 1198 килограми, па односот сила/тежина изнесува 668кс по тон.

Во план е серија од само 500 единици, по цена од 750.000 фунти. Последниот примерок ќе биде продаден на аукција со добротворени цели, а купувачот ќе добие и реплика на кацигата на Аиртон Сена, потпишана од Бруно и Вивиан Сена.

McLaren Senna е претставен на затворена презентација за вип одбрани гости, додека пошироката публика овој хипер автомобил ќе го запознае во март следната година на Автосалонот во Женева.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.