McLaren Special Operations претстави пакет на персонализација за најновиот Senna, спектакуларен и ултимативен, исто како и цената

McLaren-Senna_Carbon_Theme_by_MSO-2019-1024-0b

McLaren Special Operations претстави пакет на персонализација за најновиот Senna, спектакуларен и ултимативен, исто како и цената.

Дивизијата за специјални операции на McLaren (MSO – McLaren Special Operations) на Автосалонот во Женева премиерно ќе го прикаже и најновиот хиперавтомобил Senna во специјална карбон верзија.

McLaren-Senna_Carbon_Theme_by_MSO-2019-1024-01

Споменатиот Carbon Theme пакет подразбира, покрај соголената карбонска структура и бои кои ја красеа кацигата на легендарниот Аиртон Сена – пред се жолтата, со кочиони клешти во зелена боја.

Тука се и новите бандажи со 7 краци од алуминиум и јаглеродни влакна, за 10% полесни од сериските.

Слична тема е прелеана и во ентериерот, со карбонски елементи, жолто порабени седишта и по некој зелен детаљ.

Сепак, колку и да ни се допаѓа овој вид на high-end персонализација, не ни се допаѓа цената која McLaren за ова го побарува.

Имено, за една од пет вкупно понудените опции за персонализација, потребно е да се издвојат преку 300.000 евра, што заедно со основната цена на Sennа од 922.250 евра, вкупно излегува преку 1,25 милиони евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.