Mercedes ја прошири богатата понуда на суперспортскиот GT модел со претставување на импресивен Roadster

Mercedes ја прошири богатата понуда на суперспортскиот GT модел со претставување на Roadster, базиран врз GT S верзијата.

Супер спортските модели на оваа куќа имаат добра побарувачка, така да Mercedes по претставувањето на GT 4-door, во својата понуда ја внесе и Roadster верзијата на моделот GT S.

Mercedes-AMG GT S Roadster е придвижен од веќе познатиот 4.0-литарски V8 biturbo агрегат, токму како и GT S Coupe.

Силата се пренесува преку 7-степен менувач со двојна спојка на задните тркала, а задната осовина поседува и „шпер“ диференцијал. Декларираното забрзување до 100км/ч изнесува 3,8 секунди, додека максималната брзина е 310км/ч.

Како опциона понуда на купувачите им е на располагање и AMG Dynamic Plus пакетот, кој вклучува потврдо потпирање, како и директен систем на управување. Исто така, се нуди и управувачки систем на сите тркала, кој го имаат и GT C и GT R.

Цената уште не е позната, иако је јасно дека ќе биде повисока од купе верзијата, а првите испораки се најавени на почетокот на летово.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.