За новата продажна сезона Peugeot ја освежи и збогати понудата на својот најмал модел 108, роднината на Citroen C1 и Toyotа Aygo

За новата продажна сезона Peugeot ја освежи и збогати понудата на својот најмал модел 108, роднината на Citroen C1 и Toyotа Aygo.

Пред се, тука е новиот 1.0-литарски 3-цилиндричен VTi бензинец со 72кс, кој ги задоволува Euro 6.2 нормите, а може да се комбинира со 5-степен мануелен или опционен 2-tronic автоматски менувач.

 

Во палетата се и нови бои за екстериерот – Green Fizz и Calvi Blue, опционен Raven Black кров и Gloss Black ретровизори.

Покрај Active City Brake и Lane Departure Warning системите на активна безбедност, Peugeot 108 сега поседува и систем за препознавање на сообраќајни знаци кои се прикажуваат на дисплејот.

На купувачите на располагање стојат и нови колор опции за внатрешноста, како и MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay, 7.0-инчен екран осетлив на допир, задна камера, систем за автоматско сопирање, Keyless entry & Go и Hill Start Assist системите и друго.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.