Peugeot ќе нуди паралелно две 208-ки GTi – една со турбо бензинец и втора електрична GTi EV

Новиот Peugeot 208 ќе се појави на Автосалонот во Женева 2019 година, а во однос на актуелниот модел ќе претрпи значајни промени.

Дизајнот ќе биде унапреден, подинамичен и поагресивен, а ќе има и потполно електрична верзија.

Благодарение на поголемите димензии (должина околу 405 сантиметри), возилото ќе има и покомфорен ентериер.

Во гамата ќе се најде и спортскиот 208 GTi, кој најверојатно ќе биде придвижуван од турбо бензинец со 220кс.

Особено внимание ќе привлекува и потполно електрична верзија со автономија од околу 300 километри, а интересна е и изјавата на шефот Peugeot Жан-Пиер Импарато, кој навести дека електричниот 208 ќе може да се нуди и во GTi издание.

Тоа значи дека Peugeot би нудел паралелно две 208-ки GTi – една со споменатиот турбо бензинец и втора електрична GTi EV.

По примерот на Renault со Clio и Volkswagen со Polo, најверојатно дека и Peugeot ќе се откаже од варијанта со три врати на моделот 208.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.