Го претставуваме воскреснатиот Moby Dick

Последниве месеци сме сведоци на интересен тренд во автомобилската индустрија – поедини произведувачи одлучуваат да воскреснат или реинкарнираат легендарни автомобили од својата историја.

Додека едните планираат да прават изворни автомобили во ограничен број на примероци, другите, како Ferrari и сега Porsche, продуцираат ултимативна фузија на ретро стил и модерна технологија.

Од кога Италијаните не импресионираа со Monzа SP1 и SP2, дојде ред и на Porsche омажот на можеби најлудиот проект од 70-те години на минатиот век Porsche 935, попознат како Moby Dick.

За да биде трансформацијата комплетна, Германците го базирале Porsche 935 Clubsport на еднакво „лудиот“ 911 GT2 RS, а резултатот е неприкосновен.

Погледнете ги само тие линии и детали – од рамниот нос, до издолжениот заден крај и аеродинамичните фелни.

Осум литарскиот боксер мотор развива 799 кс и на задните тркала ги пренесува преку 7-степен PDK менувач и тркачки диференцијал со ограничено пролизгување.

Во Porsche не прецизираат перформанси, но доволно е да се каже дека благодарение на обилната употреба на јаглеродни влакна и лесни легури, вкупната маса на 935-ката изнесува само 1.380 килограми.

Тоа е импресивен резултат, особено ако се земе предвид инсталацијата на целиот безбедносен кафез и фактот дека 935 е за 30 сантиметри подолг од GT2 RS.

Porsche ќе произведе само 77 примероци на 935 Clubsport, по цена од 701.948 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.