Атракцијата Speed Kore Dodge Charger Evolution е „наоружана“ со импресивен изглед и со дури 966 коњски сили на само 1.400 килограми тежина

Една од најголемите атракции на овогодинешната SEMA е проектот на куќата Speed Kore – комплетно преработениот митски класичен muscle car Dodge Charger од 1970 година, со додаток Evolution во номенклатурата.

Имено, покрај порано претставениот Speed Kore Dodge Charger Tantrum со 1.650 кс, придвижуван од голем 9.0-литарски Twin-turbo агрегат, Evolution изведбата користи 5.2-литарски V8 HEMI, засилен со суперчарџер позајмен од Challenger SRT Demon.

Силата на ова чудовиште на тркала е измерена на 966 кс, кои на само 1.400 килограми тежина ветуваат брутални перформанси.

Speed Kore Dodge Charger Evolution е најнапредниот Charger на сите времиња, не само по изгледот, туку и по начинот на изработка.

Оплатата на каросеријата е изработена од лесни легури, подницата од алуминиум, а телото од челик, токму како и рол-барот во кабината.

Многу детали, како што се  капакот за точење гориво, маската на ладилникот, кваките на вратите се изработени од алуминиум, со извонреден финиш во боја на бронза.

Атрактивните алуминиумски HRE бандажи од 19 инчи се напред и од 20 се назад, а под нив се масивни Brembo сопирачки.

Тркачите амортизери од Penske 7500 серијата се двојно подесиви.

Ентериерот е исто така врвно унапреден и преработен, се седи на Recaro спортски седишта, а квалитетните кожни навлаки се во Cigar боја.

Уживајте во видео прилогот и фото галеријата:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.