Mustang Shelby GT350 моделска година 2019

Mustang Shelby GT350 моделска година 2019 се одликува со помали аеродинамички промени, нов преден грил, Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици, ревидирани опруги и амортизери и нов ABS тјунинг.

Тука се и електрично подесивите седишта, опциониот B&O Play музички систем со 12 звучници, 8.0-инчниот SYNC 3 infotainment.

Во кабината работи двозонска клима, а на располагање се и две нови бои – Velocity Blue и Ford Performance Blue.

За погон се грижи 5.2-литарски V8 со 526кс, во комбинација со 6-степен мануелен менувач.

2019 Ford Mustang Shelby GT350 во продажба ќе се појави на почетокот на 2019 година, а цените ќе бидат соопштени последователно.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.