По новиот седан S90, караванот V90, како и проширувањето на SUV/crossover гамата, Volvo го подготви и наследникот на моделот V60

Volvo-V60-2019-1024-04

По новиот седан S90, караванот V90, како и проширувањето на SUV/crossover гамата, Volvo го подготви и наследникот на моделот V60.

Инспирацијата за изгледот на новиот V60 е пронајдена кај поголемиот модел V90, при што и тука се истакнуваат големата маркантна предна маска и упадливите светлосни единици со „Торовиот чекан“.

Volvo-V60-2019-1024-0a

Како што и му приличи на секое Volvo, V60 располага со најмодерни безбедносни системи.

Помеѓу останатото, тука се и Steer Assist, Blind Spot Indication и Pilot Assist системот – полу-автопилот, кој може да управува со автомобилот без помош на возач, односно да забрзува, врти во кривина и сопира.

Овој 476 сантиметри долг караван има багажен волумен од 529 литри, 99 литри повеќе од претходникот, односно 1.364 литри со соборени задни седишта.

Новиот V60 е направен врз SPA платформата, додека во моторната гама се наоѓаат бензинските верзии Т5 и Т6, дизелашите D3 и D4, како и хибридите T6 Twin Engine со 340кс и T8 Twin Engine со 390кс.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.