На Автосалонот во Шангај Aston Martin го претстави својот прв електричен модел – Rapide E

На Автосалонот во Шангај Aston Martin го претстави својот прв електричен модел – Rapide E.

Британскиот произведувач, како и повеќето останати да не остане покус, се прилагодува на глобализацијата на пазарот, па покрај првиот SUV, на пазарот пристигнува и нивниот прв електромобил.

Под поклопецот на електричниот Rapide E не е, за жал, брилијантниот 6.0-литарски V12 кој звучи како симфонија, туку батерии, а за погон се грижат електромотори со вкупна сила од 601 кс и 950 Нм вртежен момент.

Секако, ова значи дека Aston Martin Rapide E е побрз од верзијата со споменатиот V12 мотор, но сигурни сме дека купувачите нема да го прежалат изостанувањето на жестокиот звук, кој е еден од заштитните знаци на овој реномиран произведувач.

Тагата може донекаде да ја намали оваа бројка – забрзувањето до стотка трае нешто помалку од 4 секунди, што е побрзо дури и од Rapide S AMR, посебна спортска верзија на оваа лимузина. Битна ставка е секако дометот со едно полнење, кој изнесува преку 320 километри, по строгите WLTP стандарди.

Новата технологија Rapide E ја добива и во кабината, каде доминира 10-инчниот дигитален кокпит, а вистински доказ дека е во прашање еден Aston е изборот на карактеристичната централна конзола и врвните материјали во црно-сина комбинација.

Ексклузивниот електричен модел од надвор ќе се препознава по новите алуминиумски фелни, специјално дизајнирани за намалување на воздушниот отпор, по новиот одбојник и дифузер.

Rapide E ќе биде произведен во само 155 единици, а цената ќе биде позната само на купувачите.

Интересен е и фактот што токму овој модел ќе го вози и најпознатиот таен агент на светот во својот најнов филм.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.