Bentley Continental GT со моќен и штедлив V8

Continental GT доби нов моќен и штедлив (два поими кои до сега не одеа во иста реченица за ваков тип на мотор) 4.0-литарски 8-цилиндричен твин турбо мотор.

Новиот V8 располага со 550 кс и 770 Нм, а по фабричките спецификации GT V8 од место до брзина од 100 км/ч GT V8 забрзува за 3,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 318 км/ч.

Ова значи дека Continental GT со V8 има иста максимална брзина како и со W12 агрегатот и незначително послабо забрзување.

Со овој модел Bentley ветува возбудливи перформанси, но и поголема економичност, благодарение на системот за деактивација на цилиндри.

Процесот подразбира гасење на четири цилиндри од осум, што на Grand Touring му овозможува автономија поголема од 800 километри.

Покрај ова, иако силата на V8 агрегатот се пренесува на сите четири тркала, во нормални околности се користи само задниот погон, исто така заради економичност.

Continental GT V8 е достапен во седум стандардни бои и исто толку различни бои на кров и внатрешни дезени и девет различни модели на алуминиумски фелни со големина 20-22 инчи.

Bentley веќе започна со резервации, а возилото прво ќе биде достапно за американскиот пазар во третиот квартал годинава, а за остатокот на светот од почетокот на следната година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.