Ford објави фотографии и технички податоци за спортската верзија на новиот Focus

Ford објави фотографии и технички податоци на спортската ST верзија на новиот Focus, која ќе биде достапна со бензински и дизел мотор.

Со обѕир на тоа дека дизајнот не беше тајна, најголемата новост во врска со овој модел е воведувањето на 4-цилиндричниот 2.3-литарски EcoBoost турбо бензинец, кој го замени поранешниот 2.0 бензински мотор.

Новата погонска единица произведува 280 кс при 5.500 в/мин и развива 420 Нм максимален вртежен момент во распон 3.000 – 4.000 в/мин.

Од Ford прецизираат дека ова е зголемување на силата од 12% и вртежниот момент од 17%, во споредба со претходникот.

Произведувачот понатаму наведува дека новиот Focus ST од 0 до 100 км/ч забрзува за нешто помалку од 6 секунди, не прецизирајќи точно време.

За прв пат Ford Focus ST е опремен со електронски диференцијал со ограничено пролизгување (eLSD), кој обезбедува подобро прислонување и ја унапредува стабилноста на автомобилот, а возачот може да одбере еден од предефинираните режими, помеѓу кои се и спортскиот и тркачкиот мод.

Од друга страна, за купувачи кои преферираат дизелаши, Ford подготви и верзија со 4-цилиндричен 2.0-литарски EcoBlue турбо мотор.

Овој агрегат испорачува 190 кс при 3.500 в/мин, додека максималниот вртежен момент од 400 Нм е на располагање од 2.000 – 3.000 в/мин.

Двете погонски единици се во пар со 6-брзински мануелен менувач или опционен 7-степен автоматик.

Новиот Focus ST ќе има светска премиера на претстоечкиот Автосалон во Женева, а ќе биде достапен во хечбек варијанта со 5 врати, како и во караван верзија.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.