Во бруталниот глобален наплив на SUV модели, конечно еден вистински суперавтомобил на сцената

Лесен, аеродинамичен, ефикасен и агилен се клучните адути на новиот Lotus Esprit, суперавтомобил кој ќе се појави 2020 година.

По најавите на директорот на Lotus, Жан-Марк Галес, Esprit би требало да претставува „чекор понатаму“ во однос на досегашните модели на овој произведувач, а особено на моделот Evora GT430.

Моделот Esprit, кој е најавен со концепт уште во 2010 година, би требало да биде помоќен и поуправлив.

Верни на традиционалното вградување на лесни и композитни материјали и новиот Esprit ќе добие предни и задни браници, хауба, кров, гепек и задни крила од карбон-фибер, но и некои дополнителни делови.

Уште нема информации за погонот на ова возило и дали Lotus и понатаму ќе остане верен на агрегатите на Toyotа, како и до сега (1.6 и 1.8 во Elise и Exige и 3.5-литарскиот V6 во Evorа).

Не е исклучено дека новиот сопственик, кинеската компанија Geely која од неодамна има акции и на Daimler, ќе го промени снабдувачот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.