Британскиот произведувач го претстави најпространиот и најудобниот модел во својата богата историја

McLaren Grand Tourer (GT) е практичен супер автомобил со сила од 620 кс и 630 Нм, на 1.530 килограми маса. Максималната сила од 4.0-литарскиот твин турбо V8 ја извлекува при 7.500 вртежи, а произведувачот тврди дека моторот има повеќе од 95% врвен вртежен момент во распонот 3.000-7.250 вртежи, што му овозможува повеќе од доволно сила за престигнување при било која брзина.

Силата се пренесува преку 7-брзински автоматик со двојна спојка, а McLaren GT забрзува 0-100 км/ч за само 3,2 секунди и не застанува до максималната брзина од 326 км/ч.

Новиот модел на McLaren дели ДНК со фамозниот Speedtail, а направен е за потполно нова класа на купувачи во однос на досегашните, оние кои бараат супер спортски автомобил со високи перформанси со најголем степен на удобност, погоден за подолги патувања.

McLaren GT поседува багажник од 420 литри под стаклениот заден дел на кровот, додека дополнителни 150 литри товарен простор е достапен во предниот дел на возилото.

 

По фабричката декларација, просечната потрошувачка на овој автомобил ќе биде околу 12 литри на 100 километри изминат пат, а стартната цена изнесува 210.000 долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.