Неодамна имавме статија во која пишувавме за претерувањето на производителите на автомобили со бројот на издувните цевки, кои непотребно се редат на задниот дел на автомобилите.

izduvnicefki12Но, уште пострашно од тоа е новиот тренд на редење на лажни издувни цевки кои се само украсен детаљ и воопшто не се издувни цевки поврзани со моторот на автомобилот.

Разбирливо е ваков тренд да има кај евтините автомобили чии сопственици сакаат тие да изгледаат скапо, но навистина е жално кога такво нешто имаме кај навистина луксузни и суперспортски автомобили, како што е моделот на Ferrari, California.

Во листата која ви ја претставуваме се наведени седум спортски автомобили кои имаат лажни украси, налик на издувни цевки.

1. Audi RS6

audiRS6Овалните издувни цевки кои се традиционални за RS моделите на Audi се навистина убав детаљ, но ако се погледне одблиску се  забележува дека всушност внатре се 2 мали издувни цевки кои се скриени во овалниот отвор.

2. Аudi  R8 V10

audiR8На сликата е првата серија која има овални издувни цевки, а се разликуваат од V8 моделите кои се со правоаголни.

Повторно внатре се најобични цевки, а само отворот на браникот е овален, за да ги скрие.

3. Lexus IS-F

Lexus IS-FКај овој модел украсот е толку грубо направен, што позади една од отворите воопшто нема никаква издувна цевка.

4. Skoda Octavia vRS

Skoda Octavia vRSКај најсилниот модел на Octavia, позади бруталните спортски отвори се крие издувниот лонец и мал обичен издувен отвор кој се забележува кога внимателно ќе се погледне задниот браник.

5. Mercedes-Benz C-class

Mercedes C-ClassКај новата C класа на Mercedes отворот е комплетно затворен и кај овој модел воопшто не се мачеле конструкторите да има некаква издувна цевка или отвор.

6. Mercedes-Benz AMG GT

Mercedes-AMG GTУбавиот трапезен отвор и кај овој модел за жал е лажен, иако станува збор за автомобил со врвни перформанси.

7. Ferrari California

Ferrari CaliforniaИ за крај издувните отвори на Ferrari California серија прва.

И кај овој автомобил, иако доаѓа од бренд што е врвот на престижните спортски автомобили, сепак непотребно е украсен со несоодветни лажни издувни цевки, кои не соодветствуваат со големината на издувната цевка од моторот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.