Благодарение на хидраулични подигнувачи спојлерот може да го менува напаѓачкиот агол, обезбедувајќи голем степен на навалување на задната оска врз подлогата

Хипер автомобилот Zenvo TSR-S е придвижуван од 5.8-литарски V8 со два механички компресори, кој развива дури 1.194кс и 1.100+ Нм.

Со помош на 7-степен менувач до стотка спринта за само 2,8 секунди, до 200км/ч за само 6,8, додека максималната брзина електронски е ограничена на 325км/ч.

Она што е специфично и интересно кај ова возило е големиот заден спојлер во облик на бумеранг – Active Aero Wing, кој благодарение на хидраулични подигнувачи може да го менува напаѓачкиот агол, обезбедувајќи голем степен на навалување на задната оска врз подлогата.

Задниот спојлер е поврзан со управувачот и зависно од аголот на вртењето на воланот, се навалува и спојлерот.

Во пракса тоа значи дека се намалува вкупниот downforce на задните тркала во кривина и возилото подобро навалува врз подлогата. Но, тоа не е се – спојлерот не се врти само лево-десно, туку може да се врти така да создава поголем или воопшто да не создава отпор.

Кога е потполно отворен дава максимален потисок врз задните тркала, а кога е затворен нема отпор и не создава никаков потисок и таа позиција е одлична за постигнување на високи брзини.

Цената на ова возило е 1,7 милиони долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.