Италијанскиот произведувач ги отповика моделите Giulia и Stelvio Quadrifoglio заради проблемите со моторот

Италијанскиот произведувач Alfa Romeo ги отповика моделите Giulia и Stelvio Quadrifoglio во САД заради проблемите со моторот.

Имено, течењето од цревото на ладилникот може да предизвика прегревање на моќната 2.9-литарска твин турбо единица, која располага со околу 500 кс и 600 Нм, па со самото тоа дури да предизвика и пожар во автомобилот.

За среќа, овој опасен дефект е забележан само кај 674 единици во САД, на кои ќе им биде извршена замена на проблематичното црево.

Но, тука проблемите на Alfa не завршуваат. Многу поголем број на модели на Giulia и Stelviо со помалите 2.0-литарски (280 кс и 400 Нм) мотори имаат проблеми со неуспешно палење, кое доведува до прегревање на катализаторот, што може повторно да предизвика пожар.

Се проценува дека овој проблем постои кај повеќе од 37.000 единици само во САД.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.