Доколку мислевте дека е печатна грешка, не е – 16 милиони, 745 илјади и 600 евра

Легендарниот класик Alfa Romeo 8C 2900 B Touring на Artcurial лицитацијата одржана во склоп на Retromobile собирот на стари автомобили е продадена за неверојатни 16 милиони, 745 илјади и 600 евра.

Овој фамозен примерок од 1938 година дури 42 години бил во сопственост на познатиот холандски колекционер Jan-Willem Martens.

Фантастични суми се вртат околу вакви класици, а покрај 8C 2900 B Touring уште една Alfa Romeo го потврдува наведеното.

Имено, неодамна еден друг модел, Alfa Romeo 8C 2900B Lungo Spider Touring од 1939 година, со остварен купопродажен износ од дури 23 милиони евра стана најскап предвоен автомобил на светот на сите времиња.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.