Овој сензационален уникат е потпишан од италијанската компанија Mole Automobile и изгледа епохално

Овој сензационален уникат е потпишан од италијанската компанија Mole Automobile, а базиран е врз Alfа Romeo 4C.

Носи кодна номенклатура Alfa Romeo Mole Costruzione Artigianale 001 и изгледа епохално.

Предницата е целосно изменета, со агресивно проширената каросерија искористени се нови светлосни единици слични на оние од Giuliа, а гледано од птичја перспектива личи на глава од ајкула.

На задниот дел не чека уште едно изненадување – тој е толку дизајнерски квалитетно изведен што личи на моделите со потписот на Zagatо.

Ентериерот е посебна приказна – изработен е рачно од најквалитетни материјали, од мајстори на кои специјалност им е изработка на луксузни патни торби.

Не е познато дали Mole Automobile посветил внимание на агрегатот на ова ремек дело.

Повеќе информации ќе добиеме денеска кога Alfa Romeo Mole Costruzione Artigianale 001 ќе доживее светска премиера на торинскиот Автосалон.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.