Производство на ултраекслузивни 10 примероци, по цена од околу милион евра

Ares Design, произведувач на каросерии за автомобили од Модена, на чие чело се наоѓа бившиот извршен директор на Lotus, Дени Бахар, планира да креира модерна инкарнација на легендарниот Ferrari 250 GTO.

Имено, доколку овој проект добие зелено светло, Ares Design ќе произведе само 10 примероци. Цената ќе биде околу милион евра, а тука спаѓа и Ferrari F12 или 812 Superfast, кои ќе бидат донатор автомобили.

Тоа значи дека „повторно родениот“ 250 GTO ќе го поседува атмосферскиот V12 на Ferrari, кој ќе развива 730 или 789 кс, во зависност кој од двата наведени модели ќе биде земен како давател.

„Сакаме да направиме мала серија на овој автомобил“, изјави извршниот директор на компанијата Ares, додавајќи дека првиот автомобил би можел да биде готов за 12 месеци и дека по неговото мислење, 250 GTO е еден од најдобрите автомобили на сите времиња, нарекувајќи го „свет грал на автомобилската индустрија“.

Бахар наведе дека рендер фотографиите се уште во фаза на развој и дека уште не е утврдено како финално би изгледал модерниот 250 GTO. Дени понатаму прецизираше дека станува збор за модерна реинтерпретација, а не копија.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.