Од светскиот епицентар на суперавтомобили, италијанската Модена, конечно добиваме достоен наследник на легендарната De Tomaso Pantherа

Од светскиот епицентар на суперавтомобили, италијанската Модена, конечно добиваме достоен наследник на легендарната De Tomaso Pantherа.

Станува збор за визија на одличните Ares Design, како De Tomaso Panterа би требало да изгледа во 21 век.

Со кодно име Project 1, овој импресивен автомобил е своевидна влезница во Legends Reborn серијата, која Ares Design ја лансира.

Ares Design веќе најави нов суперспортски автомобил, базиран врз Lamborghini Huracan и со дизајн инспириран од легендарната икона De Tomaso Panterа од 70-те години на минатиот век. Сега финалниот производ е пред нас.

Тука имаме модерна интерпретација на Panterа, која се појави во 1971 година, со предни поп-ап светлосни единици, сега во ЛЕД технологија, при што Ares Design своето ремек дело го нарече Panther.

Panther вози со 5.2-литарскиот V10 агрегат од Lamborghini Huracan, кој овде развива 650 кс и 600 Нм, во комбинација со 7-степен менувач со двојно квачило и погон на сите тркала.

Ares Design Panther е тежок 1.423 килограми и до брзина од 100 км/ч забрзува за само 3,1 секунди и не застанува до максималните 325 км/ч.

Производството на Ares Design Panther ќе биде во ултра ексклузивна серија од само 21 единици, по цена од 615.000 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.