Секој купувач ќе добие и специјален TAG Heuer часовник во комплет со овој редок колекционерски автомобил

Аston Martin во соработка со компанијата TAG Heuer подготви специјално издание на моделот DBS Superleggera, со најава дека се работи за ограничена серија од само 50 примероци.

DBS Superleggera TAG Heuer edition доаѓа во специјална Monaco Black боја, со аеро пакет од јаглеродни влакна и црни тркала со Pirelli пневматици со црвени кочиони клешти.

Ентериерот е извонреден, направен од најквалитетни материјали во типичен „Астон Мартиновски“ стил, а тука се и црните кожни седишта со црвени шевови и TAG Heuer логото.

Нормално, секој купувач ќе добие и специјален TAG Heuer часовник во комплет со овој редок колекционерски автомобил.

Aston Martin DBS Superleggera е придвижуван од 5,2-литарски twin-turbo V12 агрегат, кој располага со 725 кс и 900 Нм, што е доволно за постигнување максимална брзина од 340 км/ч и спринт до стотка од 3,4 секунди.

Силата се пренесува на задни тркала со нов ZF 8-степен автоматски менувач, додека за сопирање се грижат карбон-керамички сопирачки.

Цената не е соопштена, но сигурни сме дека DBS Superleggera TAG Heuer edition ќе биде многу поскап во однос на стандардниот модел, кој чини 274.995 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.