Полека, но сигурно ги откриваме тајните за првиот SUV модел на Aston Martin

Aston Martin остана еден од ретките произведувачи на спортски и луксузни автомобили, кој во својата расна ергела нема SUV модел.

Меѓутоа, ова наскоро ќе се промени, бидејќи британскиот бренд следната година ќе го претстави својот прв SUV, моделот по име Varekai (DBX).

Интересен е фактот што претставниците на компанијата изјавија дека Varekai под хаубата ќе го има истиот twin-turbo V8 агрегат од 4 литри, каков се наоѓа и во моделите Vantage и DB11, а не V12 мотор, како што беше најавено.

Оваа 8-цилиндрична погонска единица е производ на германскиот Daimler, а развива 503 кс. Од друга страна, V12 агрегатите на Aston Martin му ги доставува Ford, со договор кој истекнува во 2021 година, што на овие мотори им става голем знак прашалник за нивната иднина.

Податокот дека првиот SUV на британскиот произведувач ќе има V8 агрегат се наведува и во документ кој бил наменет за потенцијални инвеститори, а во него стојат и предвидувањата за бројот на продадени автомобили, како и амбициозни очекувања за новиот модел.

Имено, аналитичарите на британската компанија предвидуваат дека токму Varekai ќе стане најпродаваниот модел на Aston Martin, наведувајќи очекувања дека ќе се продава во 3.850 единици годишно.

Со цел зголемување на продажбата, Aston Martin планира да го зголеми бројот на продажните салони од 160 на 200. Исто така, се наведува дека претставниците на компанијата се уверени дека новиот SUV модел ќе таргетира нови клиенти, меѓу кои ќе спаѓаат и дамите.

Aston Martin Varekai ќе започне да се произведува на почетокот на 2020 година во новата фабрика во Велс, а ќе биде главен конкурент на моделите како што се Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и најавениот Ferrari Purosangue.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.