Кој има поголема проодност на завеаните руски беспаќа – легендарната Lada или преценетиот Q7?

Додека за кросовер од премиум класата Audi Q7 руското беспаќе завеано со снег е преголем залак со кој ова возило не е во состојба да се избори, Lada 4×4 ја покажува својата супериорност и во истите услови поминува без никакви проблеми.

На видео снимката едноставно наречена Audi Q7 vs Lada Niva се гледа како германското возило заглавува во снегот и не оди понатаму.

Во тој момент буквално од никаде се појавува легендарната Ladа и поминува како виор и тоа таму каде снегот воопшто не е разгазен.

Можеме само да замислиме како во тие моменти се чувствувал сопственикот на Audi Q7, кој патем дал буквално вреќа пари за него, а гледа како евтиното руско возило поминува и заминува.

Автомобилските ентузијасти заклучија дека снегот и суровата руска зима претставуваат преголемо искушение за Audi Q7 кога не е на асфалтен пат.

„Германец не е за руска зима“, беше еден од многуте комични коментари на друштвените мрежи на кои снимката е објавена:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.