Во мај месец на инаугурацијата на Владимир Путин за прв пат ја видовме новата руска претседателска лимузина од проектот Cortege

Компанијата Aurus Motors ја објави првата официјална слика од кратката верзија на Senat, иако возилото е веќе видено на московските улици, како дел од пратечката поворка на рускиот претседател.

Лимузината наречена Aurus Senat е наменета на руската политичка елита, а подоцна се очекува и цивилна верзија.

Aurus Senat е придвижуван од 4.4-литарски V8, развиен од рускиот технички институт NAMI и Porsche.

Освен лимузината Senat, на истата платформа очекуваме уште две каросериски изведби – миниван Arsenal и кросовер Komandant.

Како што потврди првиот човек на руското Министерство за индустрија и трговија, Денис Мантуров, цените на возилата од проектот Cortege започнуваат од 7 милиони рубљи (95.300 евра), а годишното производство нема да преминува 200 единици.

Aurus Senat официјално ќе биде претставен во август месец, на Автосалонот во Москва.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.