Презентираме и интересен видео прилог на кој се гледа како и каде возилата се пронајдени и откриени

Белгискиот кипар Аугуст Томасен со децении во својата штала, наместо коњи, љубоморно чувал три класични модели на Bugatti, со вкупна вредност поголема од милион долари.

Лошата финансиска ситуација на денес 95-годишниот кипар го натерала на она што целиот свој живот не го посакувал и го одбегнувал – да ги продаде своите три железни миленици.

Трите Bugatti автомобили ги купил при крајот на 50-те и на почетокот на 60-те, кога цените на таквите модели го допреле дното. Неговата ќерка за холандскиот De Telegraaf изјави дека Аугуст бил фасциниран од дизајнот и инженерските решенија применети на тогашните модели на францускиот произведувач.

Bugatti Type 49 Berline од 1932 година и Bugatti Type 57 Cabriolet со години биле во сообраќај и тоа скоро секојдневно се возеле.

Третиот автомобил, Bugatti Type 40, бил оштетен во сообраќајна незгода, но Томасен никогаш не го довршил проектот поправка на каросерија во приватна режија.

Сите три вредни пронајдоци ќе бидат понудени на аукција во склоп на Artcurial’s Rétromobile 2019 манифестацијата, која се одржува токму денес на 8 февруари во Париз, а стручњаците проценуваат дека вкупната сума ќе надмине милион евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.