Кои бои биле најпопуларни и најпродавани минатата година кога станува збор за нови автомобили?

Произведувачот на автомобилски бои BASF ја претстави глобалната анализа на дистрибуцијата на бои на автомобилскиот пазар за 2018 година.

Ахроматските бои, во кои спаѓаат бела, црна, сива и сребрена продолжуваат да доминираат со патиштата. Скоро 80% на автомобилите во светот во 2018 година се произведени во некои од наведените нијанси.

Белата е најпопуларна меѓу нив, секој четврти автомобил во Северна Америка, скоро секој трет нов автомобил во Европа и секое второ возило во азиско-пацифичката регија е бело.

Популарноста на сребрената боја незначително опадна во однос на претходната година.

Помеѓу останатите бои, најзастапената е сината, по неа доаѓа црвената. Овие хроматски бои почести се меѓу помалите возила, како што се на пример, компактните и поткомпактните автомобили.

Од друга страна, популарноста на хроматските бои значително опадна во сегментот на поголеми возила.

Во однос на минатата година, меѓу нив се значително почести црната и белата.

Скоро секој пети автомобил во Европа во 2018 година е со сива боја. Сивата ја замени црната на второто место најпопуларни нијанси.

Купувачите можат да бираат од 110 варијации, од светло сива до темно металик антрацитни нијанси.

„Пејсажот на автомобилски бои непрекинато се менува и обликува со нови и инспиративни идеи“, изјави Марк Гутјар, шеф на дизајнерскиот сектор за завршни автомобилски премази на BASF.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.