Alfa Romeo 8C со Touring каросерија го освои престижното Best of Show признание на фамозната автомобилска изложба во Калифорнија

Alfa Romeo 8C со Touring каросерија, штотуку реставрирана, го освои престижното Best of Show признание на фамозната автомобилска изложба во Калифорнија и е официјално најубавиот автомобил на Изложбата на елеганција во Пебл Бич (Pebble Beach Concours d’Elegance).

Сопствениците на ова прекрасно возило, Дејвид и Џини Сидорик, веќе освојувале вредни награди со него во минатото.

На Пебл Бич во 2001 година го освоиле признанието „Најелегантен затворен автомобил“, по што се вратиле на оригиналната спецификација од Автосалонот во Берлин од 1938 година, а ова е прво јавно појавување на овој автомобил по темелно направената реставрација.

„Овој автомобил е еден од само пет произведени, а неодамна е комплетно реставриран, за што беа потребни огромен труд и посветеност на сите кои беа вклучени во процесот“, рече Дејвид Сидорик.

„Чувството е сјајно, да се победи на Пебл Бич и да се добие специјален Rolex часовник. Со гордост ќе го носам.“

Не само што овој 8C е технолошки најнапреден модел на своето време, туку е примерок во најелегантниот Carozzeria Touring ентериер.

Се смета дека возилото било во Германија до 1956 година, кога било увезено во САД.

Прв пат е реставрирано во 90-те години, што резултирало со првата Пебл Бич титула, но последната реставрација значително ги подигна стандардите, така да Best of Show титулата е сосема заслужена.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.