Новиот компактен кабриолет на BMW, серијата 2, со своите димензии е поголем од претходникот за да обезбеди поголем комфор за патниците, полесен пристап во возилото и поголем простор за багажот, со цел доближување кон стандардите на американскиот пазар.

BMW-M235i-Cabrio (1)Моделот кој е со мек подвижен покрив, нешто типично за американскиот пазар, претставува навистина динамичен компактен кабрио автомобил, кој во Европа ќе биде понуден во варијанта на 3 бензински и еден дизел мотор.

За Америка понудата ќе биде без дизел варијантата.

BMW-M235i-Cabrio (7)Моторите ќе бидат 18% поефикасни во поглед на претходните генерации, а за прв пат познатиот М амблем ќе се најде на компактен кабрио автомобил кај BMW.

Најсилната варијанта во понудата ќе биде моделот M 235i, кој ќе биде опремен со мотор од 3 литри и 6 цилиндри, а моќноста изнесува одлични 326кс.

BMW-M235i-Cabrio (6)Гледајќи ги димензиите, моделот е 72мм подолг и 26мм поширок од својот претходник, со 30мм зголемено меѓуосовинско растојание.

Багажниот простор е 30 литри поголем со затворен покрив, додека при отворен покрив е 20 литри поголем и изнесува 280 литри.

BMW-M235i-Cabrio (8)Зголемениот отвор на багажниот обезбедува полесно внесување на предмети во него, што е дополнителна удобност за сопствениците на овој модел.

BMW-M235i-Cabrio (9)За отворање на електричниот покрив потребно е само 20 секунди, а истиот може да биде отворен и затворен доколку возилото е застанато или се движи со брзина пониска од 50км/ч.

BMW-M235i-Cabrio (2)Главниот ривал на овој автомобил е моделот Audi A3 кабрио, а цената ќе изнесува околу 32.200 евра.

BMW-M235i-Cabrio (3)Официјално претставувањето и почеток на продажбата на овој модел се очекува во Февруари следната година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.