Директорот на Bugatti призна дека францускиот произведувач сериозно размислува да влезе во SUV сегментот

Директорот на Bugatti, Штефан Винкелман, призна дека францускиот произведувач сериозно размислува да влезе во SUV сегментот.

Винкелман најави дека Bugatti наскоро ќе ја прошири својата линија на модели, но повеќе во центарот на вниманието не е седан, за кој со години се зборуваше.

Сега постои сосема нов момент – челниците на Bugatti се обидуваат да ги убедат своите акционери да дадат зелено светло за првиот SUV во историјата на оваа компанија.

Bugatti е дел од Volkswagen групата, која агресивно вложува во електрични возила, но не е ограничена само на тој сегмент.

„Брендот е подготвен за многу повеќе. W-16 агрегатот е моментално нашето срце, но нема да остане така засекогаш“, вели Винкелман.

Иако седаните повеќе не се популарни како порано, седан со W-16 агрегат дефинитивно добро би се продавал, но Bugatti SUV/кросовер сигурно би поминал подобро.

Најдобар показател за ова тврдење се конкурентите Bentley, Rollce-Roys и Lamborghini, кои исто така влегоа во овој сегмент, а наскоро ќе им се придружат и Aston Martin и Ferrari.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.