Американските истражители при NHTSA објавија дека постоји потенцијална грешка, која може да биде многу опасна

Американските истражители при NHTSA објавија дека постоји потенцијална грешка во функционирањето на страничните воздушни перници.

По најновиот извештај на американската агенција за безбедност во сообраќајот, проблемот не е конструкциски, туку грешката е предизвикана со погрешно вградување на делот од системот на воздушната перница на добавувач од Романија.

Во интерната истрага, стручните лица од Bugatti детектирале траги на високотемпературни оштетувања на површината на воздушната перница, што може да предизвика опасно активирање.

Со отповикувањето се опфатени два примероци во Америка. Тие прво ќе добијат писмо од Bugatti, по што „летечките доктори“ ќе пристигнат до овие автомобили и лично ќе ги проверат.

При ова возилата нема да бидат поправани во САД, туку спорните делови ќе бидат демонтирани, спакувани во посебни дрвени сандаци и пратени во Франција на сервис.

Таму по потреба ќе бидат сменети модулите на перниците и потоа ќе бидат вратени на почетната дестинација на монтажа.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.