Clemens Motorsport е француски тјунер специјализиран за модификација на моделите од марките Peugeot, Citroen и DS

Clemens Motorsport е француски тјунер специјализиран за модификација на моделите од марките Peugeot, Citroen и DS, а нивната најнова креација е овој засилен и унапреден Peugeot 308 GTi.

Фабричкиот Peugeot 308 GTi има 1.6-литарски турбо мотор со 272кс, додека Clemens Motorsport нуди три пакети за унапредување.

Ниво 1 значи скромно засилување на 290кс и 360Нм, Ниво 2 подразбира 303кс и 380Нм, а најголемо внимание сепак привлекува Ниво 3 со 310кс и 400Нм. Од опремата, помеѓу останатото, во пакетот е и репрограмираната ECU единица, интеркулер кит, нов филтер за воздух, издувен систем од нерѓосувачки челик и друго.

Најсилната верзија од место до брзина од 100км/ч забрзува за 4,6 секунди.

За овој 308 GTi Clemens Motorsport нуди и сет на нови алу тркала и тоа Schmidt Revolution CC-Zero од 19 инчи, со пневматици 235/35.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.