Изненадувачки голем интерес покажале дури и дамите

Lamborghini-Urus-2019-1024-1f

По зборовите на директорот на Lamborghini, Стефано Доменикали, побарувачката за SUV моделот Urus ги надмина сите очекувања.

Доменикали за CNBC изјави:

„Очекувавме позитивни реакции од купувачите, но сепак не на ова ниво. Реакциите на купувачите се навистина фантастични.“

Lamborghini-Urus-2019-1024-10

Уште побитен е фактот што околу 70% од купувачите на Urus се нови и во просек трошат околу 40.000 долари само на дополнителна опрема, за модел кој чини 200.000 долари. Изненадувачки голем интерес покажале дури и дамите.

Lamborghini планира да произведе околу 5.000 единици на Urus годинава, но за 2019 планира раст на околу 8.000 примероци.

Lamborghini-Urus-2019-1024-34

Доменикали смета дека ваквиот раст нема да влијае врз ексклузивноста на моделот и на брендот:

„При крајот на 2019 година ќе мораме да го сопреме растот, за да бидеме сигурни дека ја имаме ексклузивноста на вредностите, која ни е потребна за да останеме профитабилни и перцепцијата на брендот да биде она што го сакаме.“

Lamborghini-Urus-2019-1024-04

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.