Новиот Peugeot 508 со награда за најсовремена технологија на поврзување и интегрирање на новата i-Cockpit командна табла

Новиот Peugeot 508 со награда Connected Car of the Year Award за најсовремена технологија на поврзување и интегрирање на новиот i-Cockpit.

На 5 октомври годинава новиот 508 модел на Францускиот лав ја доби респектабилната награда Connected Car of the Year. Жирито на Mondial de l’Auto го издвои како најквалитетна PEUGEOT i-Cockpit®’s интеграцијата во ентериерот на новиот француски седан.

Наградата ја прими Бернард Хесе, раководителот на новиот Peugeot 508 проект.

Новиот PEUGEOT 508 отвора нова ера не само на врвна техника, туку и на спортска елеганција.

Со ниската каросерија, прецизно нацртаните линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнат индивидуален стил, новиот PEUGEOT 508 поседува спортски и иновативeн дух.

Новиот PEUGEOT 508 ги спојува моќта и умерената емисија на СО2, благодарение на ефикасните Euro 6.2 PureTech или BlueHDi мотори со нивниот автоматски ЕАТ8, менувач со осум степени на пренос.

Благодарение на инфрацрвената камера, која се наоѓа во предниот дел на возилото и Night Vision технологијата може и ноќе полесно да се открие присуството на препреки на патот.

Новиот PEUGEOT 508 е опремен со најнов пакет за безбедност и помош при возење и со тоа ги надминува сите очекувања околу високо технолошката опрема.

Новиот PEUGEOT 508 е прецизен за маневрирање, перфектен за управување и поседува извонредно држење на патот подобрено со електронска суспензија и им овозможува на возачите поголема слобода на движење и возбуда при патување.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.