Британската куќа Coys ќе понуди Fiat 500 Jolly, кој по нивните најави се прецизира како автомобил на Јосип Броз Тито

tito-e-agnelli

Иако базиран на скромен народен автомобил, овој модел своевремено се сметал како екстравагантен, па не ни чудо што во нив се возеле Аристотел Оназис, Јул Бринер и претседателот Тито, на кого еден примерок му подарил лично Џани Ањели.

Британската аукциска куќа Coys на 18 мај во Лондон ќе понуди Fiat 500 Jolly од 1964 година, кој по нивните најави се прецизира како автомобил на Јосип Броз Тито, што е дискутабилно.

Три вакви автомобили се набавени за потребите на Белградскиот саем во 1964, а Coys тврди дека ова е еден од нив.

Се проценува дека ќе постигне цена помеѓу 70 и 100.000 фунти, а поврзаноста со славна историска личност каква е Тито, би можела уште да му ја покачи цената.

Наводите на аукцискиот каталог се дискутабилни, бидејќи два примероци се во Белград, а на третиот му се губи трагата, некои сметаат дека е уништен во сообраќајна несреќа.

Се шпекулира дека еден 500 Jolly е скриен во руралниот дел на Хрватска, најверојатно станува збор за подарокот од шефот на „Фиат“ на Југословенскиот претседател.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.