Иако Volkswagen концернот започна да се опоравува од најголемата афера во својата историја, сепак се потребни радикални мерки на штедење

Audi-S5_Sportback-2017-1024-07

Имено, MLB платформата која ја користат повеќето Audi модели, наскоро би можела да заврши со своето возење, јавува Der Spiegel.

Попрецизно, ова значи дека Audi во својата понуда нема да има своја платформа за моделите од А4 па нагоре, туку ќе мора да ја позајми. Добрата вест што овие модели би можеле да ја преземат MSB платформата на Porsche, која подржува концепт на заден и погон на сите тркала.

Тоа во пракса значи дека А4 и А5 моделите би требале да се префрлат од концептот на надолжно поставен агрегат на попречно сместување, но и заден погон.

Можноста за Porsche платформата звучи добро, за разлика од фактот што во тој случај би требале да заборавиме на Audi R8. Доколку R8 ја доживее третата генерација, тоа во потполност ќе биде нов и поинаков модел, веројатно врз основата на Porsche 911.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.